Утринава околу 9 часот избувнал пожар во стан во зграда на булеварот Октомвриска револуција, објави „Курир“.
Според информациите од полицијата, случаен минувач го пријавил пожарот во стан на 10 кат во зградата.
Противпожарни и полициски екипи се на терен.
Според сликата оттаму, пожарот е локализиран, но засега нема информации за евентуално повредени лица, како и за причините за избувнување на истиот.