3.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

Гошев: Играријава е проѕирна, мерката веројатно нема да мине, но Заев и СДСМ може скапо да ја платат

Поранешниот гувернер Петар Гошев во интервју за НОВА ТВ вели дека не гледа солидарност и правичност во економски мерки кои ги најави екс-премиерот Зоран Заев.

Оценува дека веројатно оваа мерка нема да помине, но Заев и СДСМ може скапо да ја платат

-Прво, би кажал нешто во врска со нагласеното дека „лидерот на СДСМ предложи мерки што Владата треба да ги усвои’’. Тој дури кажа и повеќе од тоа – дека соопштеното мора да стапи во сила, во спротивно ќе следи тоа и тоа. Се поставува прашањето, зошто СДСМ (преку лидерот) ѝпредлага (всушност и наложува) мерки на Владата, а не Владата која е предводена од СДСМ? Треба ли да заклучиме дека Владата на СДСМ има послаб капацитет од самата партија? Треба ли да заклучиме дека тоа е патот на јакнење на довербата во институциите? „Кадарните’’ кадри во Партијата (оние што се надвор од надлежните државни институции) им наложуваат на „некадарните“ (на оние што со Уставот и законите се одгoворни)  што да прават, а патем, тие таму се сместени од првите -„кадарните’’? Играријава е проѕирна, но од постојаното сеење магли и дерогации на системот, овие битни нешта станаа „дребулии’’ на кои не треба да им обрнуваме внимание, вели Гошев во интервјуто.

-Не знам дали ова е „изум’’ на Заев, или на славните советници кои ги накоти околу себе. Сеедно, тој е одговорен, тој го прифатил и соопшти. Оваа намера соопштува повеќе работи: дрскост, безобразлук, незна-ење, вулгарен популизам, погрешна изборна математика, бесчувствителност, примеси на Полпот-изам и Маоизам. И, измамништво – „сите да го понесеме товарот“, наводно! Веројатно оваа мерка нема да помине, но Заев и СДСМ може скапо да ја платат, порача тој.

-Едноставно, не ги разбираат поимите солидарност и правичност. Поимот солидарност (и правичност, се разбира) подразбираат, да земеш од основано и неосновано збогатените, да редистрибуираш до осакатените не по нивна вина. И да ги извлечеш од „сакатата“ позиција, заклучи тој.

Целото интервју со Петар Гошев, прочитајте го на НОВА ТВ