Гошев за „ДВ“: Македонија се претвора во една голема надземна септичка јама без плурализам, само со конкуренција од олигархии

Македонската власт во континуитет не гради институции, туку разградува, вели во интервјуто за Дојче веле поранешниот лидер на СКМ-ПДП, поранешен министер за финансии и ексгувернер на Народна банка на Македонија, Петар Гошев.

– Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама, вели Гошев.

Тој прогнозира, како и премиерот Димитар Ковачевски, дека нѐ чека тешка зима.

– Дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Гошев.

Бившиот лидер на СКМ-ПДП, а потоа и на Демократската партија вели дека Македонија нема плурализам:

– Немаме плурализам, туку конкуренција на олигархии. Со вадење пиштоли на маса, со разни закани за одмазда, се изнудуваат привилегии – чиниш ја живееме добата на најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото, оценува Гошев.

Целото интервју во Дојче веле.