Господ не’ спаси од загадувањето

Во изминативе три дена загадувањето на воздухот како во Скопје, така и во останагите делови на Македонија е во рамки на нормалата. Тоа се случи по десетина дена енормно загаден воздух кој граѓаните го дишеа.

Мерните станици за квалитетот на воздухот покажаа загадување дури и десет пати над нормалата, пропишана според нормите на Европската Унија.

Воздухот се исчисти благодарение на врменските услови, односно на ветерот и дождот.

Метеоролозите најавуваат дека временските услови неделава не би требало да придонесат за враќање на смогот по котлините. Од Хидрометеоролошкиот завод најавуваат дека неделава територијата на Македонија ќе биде под влијание на студено и суво време, а во западниот дел на земјата и во планинските области ќе има повремени врнежи од снег.

Инаку, од денеска канцелариите на Град Скопје ќе бидат отворени од 12 часот до 14:00 часот за сите граѓани кои сакаат да дадат свои предлози за борба против загадувањето на воздухот.