Гости се затруле со храна на свадба во Струга

Десетина лица се примени во болница откако се затруле на свадба во Струга. Неофицијално причината била тортата, а Агенцијата за храна и ветеринарство испитува примероци од храната за да ги утврди причините.

Гостите синоќа биле примени во болницата, со симптоми на дијареа и повраќање, но биле пуштени на домашно лекување.

Случајот ќе го испитува и Центарот за јавно здравје.