Екипата на Гостивар продолжи со одличните партии на домашен терен и убедливо го доби дуелот со Феникс (96-75).
Марјан Јаневски со 18 поени и Александар Тодоровиќ со 16 поени беа најдобри кај Гостивар, ги следеше Ворку со дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции, додека кај Феникс, искусниот Бојан Трајковски даде 19 поени.
Гостивар е второпласиран на табелата со скор 12-5 и одлична победничка низа која брои седум меча во серија, додека Феникс сега испадна од зоната за Суперлига и е седмопласиран со скор 9-7.
Лошата резултатска серија за кошаркарите на Кожув нема крај. Денешниот меч кај Еуро Никел, во рамките од 17. коло, донесе нов неуспех за тимот од Гевгелија (78-63).
Соколов и Николовски го водеа домашниот тим со 16, односно 14 поени. Кај гевгеличани најефикасен беше Бродвеј со 17 постигнати поени.