Тетовските власти и натаму молчат и се недостапни за коментар и одговор на обвинувањата за аферата со промена на ДУП-от вреден 200 милиони евра.
Оваа афера ја обелодени Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Еден ден по формирање на Владата СДСМ/ДУИ сопственик на земјиштето е контроверзниот бизнисмен Дака.
АЛФА направи анкета меѓу граѓаните. Тетовци се против изградбата на вакви големи комплекси.
Еве дел од нивните изјави:
-Катастрофа!Тоа сега е пребетонирано. Нема ни канализација, ни водоводи, кога ќе заврне вода се собира. Сега и со ова катастрофа невидена.
-Тоа се е бетон, нема друго. Во Тетово нема друго. Се што имаше срушија. Штом нема фабрики, нека има згради.
-Не се сложувам со тоа, стварно. Тетово со згради е катастрофално. Во Тетово веќе нема воздух… Оваа урбана мафија е катастрофална.
Целата анкета погледнете ја во видеото на АЛФА