Граѓаните преку Бислимоски му порачаа на СДСМ: нѐ изедовте со давачки

Неколку месеци наназад, откако поскапе струјата во Македонија за 7,4 отсто, директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е во центарот на вниманието. Иако пробува да прикаже пред јавноста дека е независен, односно дека не е ничив послушник во носењето одлуки, сепак во јавноста „се шушка“ дека Бислимовски е близок до раководството на СДСМ.

Во неколку наврати Бислимоски беше прашуван од новинарите дали е член на СДСМ и дали по насока присуствува на партиски настани кои се одржуваат во партиските простории на СДСМ, за кои тој вели дека не се вистинити, односно дека никогаш не бил член на политичка партија.

Како и да е гневот кај граѓаните расте поради одлуката за покачување на струја, Бислимоски синоќа беше дел од дебатата на телевизија Клан. За време на емисијата членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи како што рече во име на граѓаните симболично, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.

Ваквото несериозно однесување од страна на директорот на РКЕ Бислимоски, резултира со револт кај граѓаните кои ниту криви ниту должни ќе мораат да ги плаќаат покачените сметки за струја, кои во моменти кога државата се бори со ковид пандемијата не беа воопшто потребни.