Двајца насилници грабнале девојка па ја претепале, вчера во Тетово, информираше МВР.
Случајот во полиција го пријавила Л.А.(20) од село Копанце. Според неа, околу 10.45 часот, додека била во еден трговски маркет дошол Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице.
Двајцата насилно ја внеле во автомобил со кој потоа ја однеле во населба Теќе. Таму физички ја нападнале, при што и нанеле видиливи повреди.
По тепањето на девојката и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Полицијата го уапсила Н.А. и трага по другиот насилник.