Град Скопје додели електромоторни помагала за лица со попреченост

-3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска го одбележавме со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје. Како поддршка за подобрување на мобилноста на лицата на кои за движење им се потребни соодветни помагала, Градот Скопје обезбеди електромоторни погони како додатоци кои денес се доделија на лица корисници на инвалидски колички, соопштија од Град Скопје.

Додаваат дека континуирано работат на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од приоритетите, при што се залагаат за мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување.