
Градот Скопје ги демантира изнесените информации од компанијата „Дуна компјутери“ во врска со нивна донација на софтвер и оттаму нагласуваат дека немаат примено никаква донација од компанијата.
Всушност, не е воспоставен никаков контакт меѓу надлежните служби од Градот и компанијата „Дуна компјутери“ во врска со примање донација и за соработка со истата компанија и во тој контекст, сакаме да посочиме дека Градот Скопје воопшто не е запознаен за каков специјален софтвер станува збор, реагираат од градската власт.