Домашните градежни компании бараат да добијат приоритет по добивање на работа на домашни тендери бидејќи сметаат дека не можат да остварат развој како подизведувачи на странски комании, а уште помалку со својата големина да можат да добијат работа во странство каде што се бараат големи компании и банкарски гаранции кои не можат да ги обезбедат. На денешната срдба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од Здружението за градежништво на Стопанската комора побараа државата да ја зголеми поддршката преку дополнителни мерки кои не се опфатени во четвртиот пакет, бидејќи до крајот на годината очекуваат поголеми загуби во работењето.
– Државата да се заземе за поголема реализација на капиралните инвестиции посебно да се надминат проблемите меѓу јавните претпријатија и општините, но и да продолжат мерките на помош за плати на вработените, администрацијата да биде пофлексибилана и да се обезбеди помош за извозните компании. Очекуваме да се направат и нови мерки на субвенционирање во опрема, актуелни софтвери кои се бараат во ЕУ и се скапи за нашите компании. Ние сме на услуга на државата да ни помогне да ги креира сите услови за да можеме да бидеме ангажирани – рече претседателот на Здружението Андера Серафимовски.
Градежниците бараат да се донесат и нови пакет мерки до крајот на годината.
– Крајот на годината не е оптимистички за нас, иако не е директно загрозен овој сектор на економијата, но компаниите многу изгубија поради одлагањата на почетокот од годината поради ковид- кризата – рече тој.
Серафимовски тврди дека секторот има мал пад во работењето и нема отпуштања на работници.
– Просекот од 57.000 работници во секторот е задржан. дури имаме и забележан раст на платите – рече Серафимовски.
Тој додаде дека пандемијата треба да се искористи и да се задржат квалитетните работици кои поради кризата не успеаја да ја напуштат земјата.
Министерот Бочварски рече дека владата ќе преземе низа мерки градежниот сектор да биде помогнат и покрај тоа што е опфатен со четвртиот пакет мерки за да ја преброди кризата.
– Многу важно е што ние како институции и компанииите во овој сектор треба да работиме на билдање на капацитетит.е Ние како држава да направиме промени во однос на динамиката и темпото на капиталните инвестиции, а компаниите да продолжат со подобрување на капацитетите за да можат да одговорат на барањата како во земјата, така и востранство – рече Бочварски.
Според него, клучна обврскана институцииите моментално е да ги подигне капиталните инвестиции
– Работиме на одглавување на инвестициите за да се отвори можност за побрзо реализирање на проектите- рече тој.