Градежни работи на патот Охрид – Свети Наум и на делницата Неготино -Демир Капија

На Автопат А1, делница Неготино – Демир Капија, денеска од 8 до 17 часот ќе има промена на режимот на сообраќај поради изведување градежни работи при поставување индуктивни јамки за броење возила.

Денеска ќе почнат и градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар „Туристичка“ во должина од 3,5 километри.

На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.