Проектот „10-ка за Карпош“ е наменет за сите десет училишта на територијата на oпштината и има за цел да ги актуелизира и поттикне сите креативни активности кои се случуваат во училиштата, при што, во фокусот е ставен ентузијазмот на самите наставници во соработка со учениците и родителите, пишува порталот Курир.мк
Креатор и раководител на овој проект е Рената Поповска, сопруга на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Кога проектот започнал во 2012 година, Поповска земала 200.000 денари за негова реализација од општината.
Проектот и денеска го води истата личност, на којашто актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, на сопругата на својот сопартиец ѝ додели двојно повеќе, односно „госпоѓа министерка“ доби 400.000 денари за „10-ка за Карпош“.
Ист проект, ист број на училишта, иста општина, исти цели на проектот, но двојно повеќе пари за негова реализација. Поповска од џебот на граѓаните на Карпош, за една година ќе земе пари како што досега земала за две години.