Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево позититвен на Ковид-19?

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев и неговата сопруга се позитивени на тестирањето за коронавирус, направено во приватна клиника во Скопје. Од денеска и админситративната зграда на општината е затворена, објави Инфомакс.

Лекарката Јасминка Ајтовска од Кочани на својот Фејсбук профил апелираше до жителите на Општината Чешиново-Облешево да се јават кај матичните лекари ако во изминатите 10 дена биле во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината.

– Почитувани сограѓани на Општина Чешиново-Облешево, секој од вас кој последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените од Општината да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника. Заболени од коронавирусот нема. Но има позитивни од Општинската зграда, кои се без симптоми, напиша лекарката Ајтовска.

Денеска министерот за здравство, Венко Филопче, посочи дека нема информации за тоа дали некој вработен во Општината Чешиново – Облешево има коронавирус.