Градоначалникот на Њујорк е обвинет за сексуален напад врз жена

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, е обвинет за сексуален напад, за што се поденесени документи до судот. Во нив се вели дека Адамс сексуално нападнал жена во 1993 година, „додека двајцата работеле за градот Њујорк“, објави Би-Би-Си.

Адамс ги отфрлил обвинувањата и изјавил за CBS News дека „не се ни сеќава дека ја сретнал“ жената која го тужи. Законот, кој истекува денеска, создаде рок од една година во државата Њујорк за преживеаните од сексуална злоупотреба да поднесат тужби кои инаку би биле забранети со статутот на застареност.

Адвокатот на тужителката ја поздрави важноста на законот затоа што „им даде можност на толку многу жени да бараат правда“. Жената што го тужи Адамс бара отштета од 5 милиони долари.

Во моментот на наводниот сексуален напад, Адамс работел како полицаец во Њујорк, а во документот се именува транзитната канцеларија на Одделот како обвинет. Назначена е и општествена организација на офицери наречена Здружение на гарди.

Зборувајќи за CBS News вчера попладне, Адамс рече дека: „Нападот апсолутно не се случил. Животот го поминав заштитувајќи ги луѓето. Се случува многу во градот и јас сум фокусиран на тоа да го завршам.“ додаде тој.

Ова е само последен во низата правни удари за Адамс, член на Демократската партија. Тој се соочува со истрага за финансирање на неговата градоначалничка кампања пред две години. На почетокот на овој месец, агенти на ФБИ го пребарале неговиот стан и заплениле три електронски уреди, наводно два Ајфони и Ајпад.

Претресот бил извршен и во резиденцијата на 25-годишната Брајана Сагс, лобист и поранешна помошничка на Адамс. Истрагата е фокусирана на тоа дали неговата кампања преговарала со турската влада за примање нелегални странски донации. Истражителите сакаат да знаат дали кампањата на Адамс обезбедила некакви придобивки за државата или поединци во замена за донации, според налогот за претрес што го добил „Њујорк тајмс“.