Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска го посети СОС Детското село, каде оствари средба со неговите штитениците.За време на посетата градоначалникот Трајановски на децата им ги честите новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им здравје, среќа и успех.
Градоначалникот на штитениците на детското СОС село им подели 80 новогодишни пакетчиња, а за потребите на самото детското СОС село донираше апарат за домаќинство – вградлива рерна. Тој потенцираше дека Градот Скопје и во иднина ќе продолжи финансиски и преку други начини да го помага детското село.
Директорката на СОС Детско село, Виолета Георгиевска се заблагодари на градоначалникот Трајановски за добрата соработка и континуираната поддршка, при што му додели благодарница.
СОС Детско село Скопје почна да функционира во мај 2002 година кога беше направен приемот на првото дете. СОС Детското село Скопје зафаќа површина од 11 500 м во населбата Ченто во Скопје веднаш до Основното Училиште „Дане Крапчев“. Селото има 12 семејни куќи (секоја со површина од 139 метри квадратни ) и пет дополнителни објекти. Селото е во можност да згрижи 84 деца без родители и родителска грижа, по седум во секое семејство.