Градови кои не смеете да ги посетите сами!

Градови кои не смеете да ги посетите сами!
Градови кои не смеете да ги посетите сами!

Некои дестинации се поопасни од други, особено за патниците кои сакаат да патуваат сами. За сите вие кои планирате патувања во некои од овие пет градови, можеби подобро би било да размислите за некои други места.

Богота, Колумбија

Овој древен град во Колумбија и понатаму е индустриски центра во самото срце на нацијата. Позната по производство на едно од нјстарите кафиња на светот и по прекрасното цвеќе, илјадници секоја година ја посетуваат руралната Колубија во потрага по волонтерска работа, но и туристички. Но, многумина од нив не сфаќаат на каква опасност се изложуваат. терористички организации, дилери на дрога и вооружени банди, сите тие оставаат видлив печатна секојдневната Богота.

Мексико Сити, Мексико

Секој ден преку 150.000 луѓе легално ја поминуваат границата помеѓу САД и Мексико, било да е тоа за одмо, деловно или во посета на роднини и пријатели . Мексико е популарна и лесно достапна дестинација за многу патници од Северна Америка. Така што, ни главниот град не е исклучок. И додека многу медиуми се фокусираат само на проблемите кои се врзуваат за границата помеѓу САД и Мексико, ретки се оние кои даваат извештаи за проблемите кои ги мачат туристите при нивата посета на овој град. Во Мексико секојдневно владеат измами, убиства и борби на наркокартели. На жените никако не им се препорачува да патуваат сами со јавен превоз навечер.

Лима, Перу

Лима е најголема туристичка атракција во Перу, но и во Јужна Америка. Поради големата посетеност криминалците во овој град станале поснаодливи во своите намери да ги измамат туристите. Од илегални таксисти кои наплатуваат многу повеќе до киднапери. Во Лима опасностите демнеат речиси од секој агол.

Њу Делхи, Индија

Овој град како економско упориште на Индија ги привлекува деловните луѓе но и туристите. Како и секој град во развој, Њу Делхи открива опасност кои доаѓаат со урбниот развој. Некои од нив се сексуални престапи, особено кон жените. Според британското министерство за надворешни работи, сексуалните престапи се зголемуваат секојдневно. Поради тоа, на жените им се препорачува секогаш да патуваат во друштво и никогаш да неизлегувааат сами на улица, особено навечер.

Џакарта, Индонезија

Ова е популарна дестинација за сите оние кои бараат одмор во тропските предели. Џакарта нуди забава, авантури и единствена култура. Додаток на тоа е фактот што Џакарта леже на подрачје наречено „огнен прстен“, па затоа е подложна на чести земјотреси. Тоа би требало да го имате на ум при патувањет во овој град.