Денес и утре делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена за сообраќај.
Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека денес и утре поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.