Графити со заканувачки етнички мотивирани содржини испишани на четири згради во Гостивар

Во Полициска станица Гостивар денеска во 10.30 часот е пријавено дека на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Гоце Делчев“ и „Мара Угринова“ во Гостивар, со син спреј,  биле испишани неколку графити со заканувачки, етнички мотивирани содржини, информираат од СВР Тетово.

Испишаните графити се фотодокументирани и се преземаат  мерки за расчистување и документирање на случајот.