![greg popovic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/greg-popovic.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Сан Антониот Спар со 111:86 ги совладаа Феникс Санс, а овој нетпревар е значаен поради тоа што беше 1.211-та победа на тренерот петкратниот шампион на најсилната кошаркарска лига на светот, Грег Попович, со којашто се искачи на четвртото место на сите времиње и ги престигна Пат Рајли, а пред него според бројот на победите, уште се Дон Нелсон со 1.335, Лени Вилкинс со 1.332 и Џери Слоан со 1221 победа.
Брин Форбс ги водеше до победата Спарс со 24 кошеви и 11 скокови, а Ламаркус Олдриџ додаде 18 поени. Кај Феникс, на кои ова им беше десетти пораз со ред, најдобар беше ТиЏеј Ворен со 23 коша.
Хјустон Рокитс дома со 111:104 ги победија Портланд Трејл Блејзерс, а Џејмс Харден поситна 29 поени за победничката екипа. Најдобар стрелец кај Портланд бепе Демиен Лилард со 34 поени, додека СиЏеј Меккалам додаде 22 коша.
Торонто Репторс со 123:99 славеа против Лос Анџелес Клиперс. До победата ги предводеше Серж Ибака со 25 кошеви и 9 скокови. Кајл Лоури додаде 21 кош за Торонто, а Јонас Валанциунас 16. Најефикасен во редовите на Клиперс, пак, беше спрскиот центар Бобан Марјановиќ со 18 погодоци.