Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право во канцелариите на омбудсманот

Во канцеларијата на Народниот правобранител во периодот од 7 до 19 часот функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Како што информираат од Кабинетот на народниот правобранител, омбдусманот правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.