Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во денешното гостување на ТВ „24Вести“ најави дека од следната недела ќе стартува проектот „Прашај го министерот“ и секој четврток ќе одговара на прашања од граѓаните поставени преку социјалните мрежи.
Во текот на неделата граѓаните ќе поставуваат прашања, а секој четврток навечер Димитров ќе ги одговара на истите преку снимка во живо на социјалните мрежи.
Во денешното гостување на „24вести“ Димитров им порача на гледачите да го прочитаат договорот за да се расчистат дилемите и заблудите..
Анкетите покажуваат дека многу мал број од нив го направиле тоа. Уште сега им се извинувам на граѓаните затоа што следниот период често ќе ме гледаат по екраните, во нивни домови и градови и населени места. Ќе направам се што можам, огромен е влогот, пред нас е одговорна одлука, каде сакаме да биде Македонија, изјави тој.