
Жителите кои одлучија оваа година да го празнуваат Денот на трудот 1-ви Мај и да го поминат на езерото Треска крај Скопје, зa паркинг требало да платат по 100 денари, објави ТВ21.
Телевизијата вели дека сумата била голема за возачите, па автомобилите ги паркирале на алтернативни места.
Сопствениците на камп-приколките велат дека другите денови паркингот е бесплатен, а директорот одговорен за одржување на езерото Треска, Аки Саити, за ТВ21 вели дека на секој сопственик на камп- приколка му е дозволено место за еден автомобил, но, според него, сопствениците се обидувале да внесат повеќе автомобили и поради тоа им било побарано да платат паркинг.