4.8 C
Skopje
среда, јануари 29, 2025

Граѓаните задоволни од работењето на ЈП „Паркинзи на општина Центар“

Расте задоволството на граѓаните од целокупното работење на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Врз основа на добиените резултати од анкетата на агенцијата „Рејтинг“, речиси две третини, односно 61% од жителите на Општина Центар позитивно ја оцениле целокупната услуга која ја нуди претпријатието.

Анкетата што за потребите на ЈП ПОЦ е спроведена во периодот од 20 мај до 7 јуни 2019 година на репрезентативен примерок од 3.000 испитаника и го евалуираше  јавното мислење во врска со степенот на свесноста на жителите на Општина Центар за безбедноста во јавниот сообраќај, степенот на користење и задоволство од услугите, но и ги детектираше клучните забелешки на граѓаните во кои е потребно подобрување.

Задоволството на граѓаните од бројот на слободни паркинг места изнесува 33% и истото е зголемено за значителни 8% споредено со резултатите од анкетата во 2017 година.  Во однос на сигурноста на возилата на паркинзите, позитивно се изјасниле 44% што е за 3% повеќе споредено со резултатите од анкетата во 2017 година.

Високи 49% односно повеќе од двојно е зголемен бројот на задоволни граѓани во однос на незадоволните кога станува збор за осветлувањето на паркинзите, исто како и од работата на контролорите за која позитивно се изјасниле 46% од испитаниците.

Во анкетата се оценувани и работата и квалитетот на службата „Пајак“ каде 58% од испитаниците кои ја повикале оваа служба се изјасниле како задоволни од брзината и квалитетот на истата. Задоволството на граѓаните кои ја повикале службата „Пајак“ е зголемено за 5% во однос на резултатите од истражувањето од 2017 година.

Предмет на истражување на јавното мислење се и двете нови услуги кои се воведуваат во ПОЦ, блокаторите кои ЈП ПОЦ неодамна почна да ги поставува на неправилно паркираните возила на резидентните паркиралишта и комплетната дигитализација на услугите на претпријатието, која следува наскоро.

Така, со образложение дека блокаторите ќе воведат ред на резидентните паркинзи, оваа мерка позитивно ја оцениле 55% од жителите на Општина Центар.