Силите на лојалните власти на Киев продолжија денеска да го гранатираат Славјанск, град на истокот на Украина, изјавија жителите за „Русија денес“.Тие изјавија дека рано утринава била погодена детска болница во центарот на градот и приемното одделение, но дека немало жртви.
Новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко претходно изјави дека ќе ги казни лицата кои се одговорни за соборување на воениот хеликоптер и убиството на 12 лица.Хеликоптерот бил соборен вчера недалеку од Славјанск, а меѓу загинатите имало и еден воен генерал.
Во борбите меѓу украинската војска и локалните сили за самоодбрана загинаа неколку десетина лица откога државните сили средината на април ја засилиле операцијата во регионот Доњецк.