Гранде Пандев ќе ги бодри Аријан и Стефан во Милано: Капитену ти си единствен

Денеска тимот на Динамо Загреб на чело со нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми одат на мегдан со гигантот Милан. Среде Милано ќе се обидат да направат сензација слична на онаа од првото коло од Лигата на Шампионите кога на Максимир пред неколку дена го совладаа големиот Челзи.

Тоа нема да биде лесно, се знае кој е Милан, но на Динамо и пред се нашите интернационалци поддршка ќе им даде ни помалку ни повеќе, Горан Пандев. Сега веќе екс капитенот на наташа репрезентација пристигна во Милано специјално за овој дуел, а доби и специјален подарок.
Дрес со „тринаесетката“ на Ристовски и посвета „капитену ти си единствен“.