Границите со Косово и Србија остануваат отворени

За затворање на границите со Косово и Србија Комисијата за заразни болести денеска не разговарала, па нема ниту таква препорака до Владата.

Ова предмалку го потврди и премиерот Оливер Спасовски,  при посетата на Чучер Сандево.

– Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба од преземање мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. А засега Владата нема донесено  никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени – рече Спасовски.