Откако македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Фљамур Сефај по вчерашната средба во Скопје рекоа дека не разговарале за екстрадицијата на двајцата осомничени за „Монструм“, поранешната пратеничка Солза Грчева праша за што тогаш „дрндале“?
„Збореле за сè и сешто, ама за пребеганите убијци од ‘Монструм’, јок. Која подигравка од држава сме ние. Па за што бре дрндале???? За кој криминал зборувале, ако не за свирепата ликвидација на матурантите. А случајно за палењето на нашето знаме дали бекнале?“, праша експратеничката на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“.