Преговорите меѓу претставниците на грчката Влада и на меѓународните кредитори ќе продолжат и денеска, откако во текот на викендот двете страни не успеаа да постигнат договор за голем број прашања, соопштува весникот „Катимерини“.
Преговарачите одржаа 14 -часовни преговори кои завршија во пет часот утрово, без притоа да биде постигната согласност за голем број прашања. Најмногу се дискутирало за дополнителното намалување на работните места во јавниот сектор употребата на примарниот буџетски суфицит од минатата година и мерките за либерализација.
И покрај проблемите во преговорите, грчкото Министерство за финансии се надева дека процесот од кој зависи доделувањето на нови средства за Атина, ќе биде најдоцна завршен до крајот на денов.