![slikanelsonmandela](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/slikanelsonmandela.jpg?resize=284%2C177&ssl=1)
Грчката Влада му оддаде почит на јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Нелсон Мандела, опишувајќи го како симбол на универзалната борба против расизмот и ксенофобијата, пишува „Катимерини“.
„Нелсон Мандела имаше привилегијата да навлезе во територијата на глобалната историја пред многу години и тој стана обележје, фигура на универзална борба против расизмот и ксенофобијата, како и симбол на континуираната борба за човечко достоинство, еднаквост и слобода“, се истакнува во соопштението на грчкото МНР.