Нова хуманитарна помош за Украина, трета по ред, овој пат од 50 тони, испрати Црвениот крст на Грција во присуство на министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Христос Стлијанидис, јави дописничката на МИА од Атина.
Трите камиони со храна, флаширана вода, антисептици, генератори, санитарен материјал и лекови, утрово заминаа од Атина за украинскиот град Чернивци, каде што се очекува да пристигнат в четврток, да ги пречека Црвениот крст на Украина и помошта веднаш да им биде распределен на граѓаните.
Стилијанидис рече дека „преку Црвениот крст, грчкиот народ уште еднаш покажа што значи солидарноста во пракса“.