Грчката конзервативна партија Нова демократија убедливо победи на повторените парламентарни избори во неделата, а гласачите на нејзиниот водечки кандидат премиер во минатиот мандат Киријакос Мицотакис јасно му доверија уште еден четиригодишен период на премиерската должност.
По преброените 91 отсто од гласовите, Нова демократија водеше со 40,5 отсто од гласовите што ѝ носи 158 мандати во 300-члениот парламент, според податоците на министерството за внатрешни работи кое е задолжено за спроведување на изборите. Така Мицотакис го оствари настојувањето со повторените избори да обезбеди апсолутно мнозинство за да може да формира еднопартиска влада, без калкулации и уцени.
Нова демократија во анкетите имаше 20 процентна предност ред радикалната левичарска коалиција Сириза, која победи на изборите во 2015 година во текот на тешката должничка криза кога замјата за малку избегна банкрот и исклучување од еврозоната и ја водеше Грција до 2019 година кога на изборите загуби од Нова демократија. Предводена од тогашниот премиер Алексис Ципрас, во неделата Сириза освои 17,84 отсто од гласовите, односно 47 пратеници.
Социјалистичкиот ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници. Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници. На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза, Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места.
Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека, пак, солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Иликас Касидиарис првпат ќе влезат во парламентот.
Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто.
На претходните избори на 21в-ви мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, Сиризиа беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од 3 отсто.
Први реакции
„Оваа голема поддршка само ја зголемува мојата одговорноста да одговорам на надежите на народот. Лично чувствувам уште посилна обврска да ѝ служам на земјата со своите способности“, изјави Мицотакис на собраната толпа во седиштето на Нова демократија во центарот на Атина.
Педесетгодишниот Мицотакис, поранешен банкар потомок на моќното политичко семејство, вети зголемување на приходите од клучниот за Грција туристички сектор, создавање работни места и покачување на платите за приближување на просекот во Европската унија.
„Јасно е дека ова е огромен пораз“, изјави за грчката телевизија Skai Евклид Цакалотос, кој беше министер за финансии во владата на Сириза, откако излезните анкети на неговата партија ѝ предвидоа 47 пратенички мандати.
Мицотакис, кој беше премиер од 2019-та до неговата оставка откако по изборите во мај не можеше слободно да формира влада, се обврза да спроведе реформи со цел да го поправи кредитниот рејтинг на земјата по исцпрувачката должничката криза која повеќе од десет години ја тресе Грција.
Изборите во неделата беа вторите во изминатите пет седмици, откако првите одржани на 21-ви мај со друг изборен систем, на ниедна партија не ѝ обезбедија апсолутно мнозинство во парламентот со 300 мандати. Системот кој се користеше на овие избори на водечката партија ѝ дава дополнителни места, зависно од поддршката на гласачите.
Пандемијата на ковид-19 и смртоносната железничка несреќа во февруари го разголија големите недостатоци во системите на јавното здравство и на јавниот транспорт. Меѓутоа, грчките гласачи очигледно најмногу се загрижени поради кризата со растот на животните трошоци и економските тешкотии.
Изненадувањето на предизборната кампања
Изборите во неделата се одржаа во сенката на бродоломот на миграните претходно месецов, во кој, како што има сомневања, животите ги загубиле повеќе стотици луѓе близу брегот на југот на Грција. Една од најлошите катастрофи изминатите неколку години ја разоткри подделеноста на грчките политички партии по прашањето на миграцијата.
Антиимигратнската партина Спартанци, која тврди дека Грција е загрозена поради неконтролираните миграции, беше изненадувањето на предизборната кампања. Врз основа на првите резлтати оваа партија освои 4,7 отсто од гласовите, односно до 13 пратнички мандати.
На релативно непознатата партија ѝ се зголеми популарноста откако ја поддржа Илијас Касидијарис, челникот на сега забранетата крајнодесничарска неонацистичка партија Златна зора. На неговата партија ѝ е забрането учеството на изборите и од затвор ѝ даде поддршка на Спартанци.
Темата за бродоломот со мигранти доминираше во предизборната кампања за овие избори. Спасувачите пронајдоа 104 преживеани и 82 мртви тела, но се верува дека на бродот што патувал од Либија за Италија имало до 750 луѓе. Бродот бил надгледуван од грчката крајбрежна стража, која соопшти дека патниците одбиле каква и да е понуда да им помогнат. Мицотакис, чија администрација зазеде тврд став за миграцијата, ги обвини кримчарите за несреќата и ја пофали крајбрежната стража за спасување на мигрантите. Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, се запраша зошто крајбрежната стража не интервенираше порано.
Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци
Со собир пред централните канцеларии на Нова демократија, со огномет и развиорени партиски и грчки знамиња, како и со поздравен говор на лидерот Кирјакос Мицотакис, симпатизерите, поддржувачите и членовите на партијата вечерва ја слават победата на парламентарните избори во Грција.
Откако Нова демократија убедливо ја победи Сириза со 22,7 отсто предност, Мицотакис во изјава за медиумите им се заблагодари на граѓаните за довербата, посочи дека добиле безбедно мнозинство, планираните реформите ќе ги спроведат со брз ритам, и истакна дека „ќе биде премиер на сите Грци“.
„Денешниот изборен резултат Грција отвора ново историско поглавје на својот пат. Граѓаните по вторпат за неколку седмици не испратија само порака за континуитет на патот што го зацртавме пред четири години, туку ни дадоа силен мандат да чекориме побрзо по патот на големите промени кои ѝ се потребни на нашата земја“, порача лидерот на Нова демократија и следен премиер на Грција.
Посочи дека кога пред 20 години ги направил првите чекори во политиката никогаш не замислувал дека сега ќе ја има „оваа голема одговорност, избран по втор пат да формира еднопартиска влада и тоа со силен мандат“.
„Денеска уште малку ќе ѝ се радуваме на нашата победа. Но, од утре наутро повторно ќе ги засукаме ракавите и ги започнуваме напорите заедно да изградиме силна Грција, татковина со повеќе просперитет, со повеќе правда за сите“, порача Мицотакис и додаде дека „утре осамнува уште подобар ден“.