Закинтос, Санторини и Кос се дестинациите во Грција , кои забележуваат најголем пораст на онлајн – пребарувања за најпосакувана дестинации во странство од страна на руските туристи оваа година.
Во исто време грчките летувалишта успеале да се издигнат до второто место во светот по популарност меѓу Русите. Ова го покажуваат две одделни студии на туристичките компании Hotels.com и Trivago.
Првото глобално истражување на Hotels.com на рускиот туристички пазар покажува дека онлајн – пребарувањата на нејзините руски страници во првите девет месеци од оваа година се зголемени за 354 пати од претходно за островот Закинтос, 197 пати за Санторини и 189 пати за Кос во споредба само со една година порано. Уште три популарни грчки дестинации влегле во топ 20 на онлајн – сајот, тоа се Родос, Крит и Крф.
Меѓународното истражување спроведено од Trivago , покажува дека грчките ски центри заостануваат по популарност меѓу Русите само зад Швајцарија. Тоа значи дека Грција има подобар рејтинг од Австрија, Германија и Италија.