Во Грција во изминатото деноноќие потврдени се 2.917 нови случаи на зараза со коронавирусот, како и 29 смртни случаи како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, соопшто во четвртокот националната организација за јавно здравје.
Станува збор за рекорден број на заразените, од кои 27 лица се откриени при контроли при влез во земјата. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во Грција сега се зголеми на 49.807 потврдени коронаинфекции.
Покрај тоа, во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 29 смртни исходи од коронавирусот, што исто така рекорден показател на дневно ниво. Вкупно во Грција досега од Covid-19 починале 702 лица.
Во болниците се зголемил и бројот на пациентите на одделите за интензивна нега кои се приклучени апарати на 187 лица, што е за осум пациенти повеќе од средата. А здравствените власти како позитивно и подобрување на состојба го наведуваат деа од одделите се отпуштени 310 пациенти.
Денешната рекордна бројка на коронаинфекции е трет ден таа да се движи над 2.000 случаи, тренд на постојано зголемување на показателот започнат пред неколку седмици. Поради тоа, грчките власти ги заострија рестриктивните мерки и од саботата воведоа „затворање“ на територијата на целата земја.