Грција ги бележи првите случаи на зараза со новиот сој на коронавирусот

Грчките здравствени власти ги регистрирале првите четири случаи на зараза со новиот сој коронавирусот, и тоа кај лица кои неодамна допатувале од Велика Британија, изјавил за Reuters функционер на грчкото министерство за здравство.

Новиот сој на коронавирусот кој на средината од декември беше откриен во Лондон и во делови од Англија, е позаразен за 70 отсто од изворниот сој на вирусот SARS-CoV-2, од кој првиот случај на зараза беше пријавен во Кина на 25-ти декември 2019 година. Уште еден нов сој на коронавирусот речиси истовремно како во Англија, беше откриен и во Јужноафриканската Република.

„Четирите лица неодамна во Грција допатувале од Велика Британија. Се наоѓаат во карантин“, изјавил за Reuters функционерот кој сакал да остане анонимен.

Станува збор за првата појава на новиот сој на коронавирусот во Грција.

Во настојувањата насочени на сузбивањето на коронавирусот, Грција во неделата за период од една седмица ги заостри епидемиолошките мерки, па повторно во земјата се затворени фризерските салони и библиотеките, на кошто во периодот пред Божик им беше овозможено да работат.

Грција, која од минатата седмица започна со вакцинацијата против Covid-19, извести во неделата за вкупно 140.099 потврдени случаи на заразата, и вкупно 4.957 починати од компликациите кои ги предизвикува ова забалување чиј патоген е коронавирусот.