Грција ги укина казните од 100 евра за невакцинираните над 60 години

Грците над 60-годишна возраст кои не се вакцинирани против ковид, од денеска нема да плаќаат месечна аминистративна казна од 100 евра која беше воведена пред три месеци. Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, минатиот месец соопшти оти од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра за невакцинираните граѓани кои имаат над 60 години, а мерката одново ќе се разгледува во септември.

Оваа мерка беше воведена во јануари годинава, а се однесува на граѓаните со наполнети 60 години старост кои немаат примено антиковид вакцина и секој месец поради тоа плаќаа казна од по 100 евра.

Од периодот откако мерката стапи во сила, до сега невакцинираните треба да платат  300 евра. Плеврис остави отворена можност да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.