Грција купува три нови француски фрегати

Грција во вторникот потпиша договор со Франција за купување три нови фрегати, во моментот кога Париз настојува да го надомести огромниот пропаднат договор за продажба подморници на Австралија.

Договорот за стратешката одбранбена и безбедносна соработка кој го потпишаа челниците на двете земји е дел од настојувањата да се засилни воената автономија на Европската унија.

„Договорот придонесува за европската безбедност, јакнењето на европската стратешка автономија и суверенитетот и со тоа за меѓународниот мир и сигурност“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Овој договор „ќе нѐ поврзаува со децении“, изјави Мицотакис за новинарите.

Според грчките медиуми, Атина ќе плати околу три милијарди евра за три нови фрегати од типот „Belharra“. Договорот, исто така, предвудува дека Грција може да купи уште една фрегата.

Грција претходно оваа година нарача од Франција 24 борбени авиони од типот „ Rafale“ за износ од 2,5 милијарди евра за повеќето користени летала, станувајќи првата европската земја кои ги нарача овие авиони.

Француските медиуми известуваат дека договорот со Грција за фрегатите би можел да достигне пет милијарди евра, што донекаде ќе го ублажи губењето на договорот за подморниците со Австралија вреден повеќе десетици милијарди долари.

Франција во септември го загуби и договорот од 6 милијарди евра со Швајцарија којашто наместо за француските ловци „Rafale“ се реши за набавка на американските „F-35“.