Грција наскоро ќе го заврши извештајот за големата железничка несреќа

Извештајот на надлежната експертска комисија за железниката несреќа кај месноста Темпи се очекува да биде завршен или до Велигден или седмицата по празникот, соопшти во петокот државниот министер во функција на министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис.

Надлежниот министер го презентирал и новиот дигитален систем за контрола на железичкиот сообраќај, објаснувајќи дека од јуни ќе почне постепено да се воведува во различни делови на земјата за до почетокот на октомври да биде целосно функционален во целата железничка мрежа во Грција.

Железничката несреќа кај Темпи се случи кусо пред полноќ на 28-ми февруари, при директен судир на товарен и патнички воз, а животот го загубија 57 лица.