Мерки во вкупен изност од 1,1 милијарди евра со коишто ќе бидат опфатени 3,2 милиони граѓани од ранливите категории, но и домаќинства со приходи до 30.000 евра годишно, обајви во средата грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото телевизиско орбаќање.
Мицотакис рече дека станува збор за мерки насочени кон најслабата и средната класа, а министрите за финансии, енергија и земјоделство, во четврток детално ќе ја претстават тримесечната програма на Владата за поддршка на граѓаните.
„Прилагодувањата ги покриваат сите фронтови на поскапувањата: стимулирање на приходите со вонреден додаток за оние со ниски примања и ниски пензии. Поддршка на семејства со деца, кои сега имаат најмногу трошоци. Храбрата субвенција на сметките за струја. Но и делумната апсорпција на зголемувањата на цените на горивата со покривање 180 литри за возилата. А се комбинираат со посебните грижи за земјоделците и малите и средни претпријатија, кои се особено погодени од зголемувањето на електричната енергија“, рече Мицотакис.
Објасни дека мерките „им служат на два принципи“: не важат за сите, туку се насочени со посебен акцент на поддршката на најслабите и се усогласени со претпазливата фискална политика на Владата, односно „мерки измерени според реалноста“.
Грчкиот премиер, со оглед на тоа дека е позитивен на Ковид-19 и од завчера е во изолација, на граѓаните им се обрати од неговиот дом.