Грција во вторникот пријави скок на дневниот број на новозаразените со коронавирусот и ги претстави плановите за повторно воведување рестрикции за забавните дејности, откако повеќе седмици на бројот на заразените падна па властите укинаа повеќе од епидемиолошките мерки.
Здравствените власти пријавија во вторникот 1.797 новозаразени, повеќе од двојно отколку во победелникот кога беше потврден 801 нов случај на коронаинфекција. Со тоа вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата порасна на 429.144, додека како последици од Covdi-19 починаа 12.754 луѓе.
Грција, којашто многу е зависна од туризмот, ги укина повеќето од рестриктивните мерки за патувања и во секторот на забави, како и носењето маски на отворено, бидејќи бројот на заразените долго време се намалуваше.
Меѓутоа, последните денови бројот на дневните зарази брзо расте, а стручњаците особено ги загрижува делта варијантата на коронавирусот. Многумина од новозаразените се млади и властите ширењето на заразата го поврзуваат со забавите, па решија да ги вратат рестрикциите во рестораните, ноќните клубови и баровите подоцна оваа седмица.
„Од 8-ми април рестораните, баровите, клубовите и местата за забава ќе работат само со клиенти кои седат и во согласност со законските прописи за капацитетите“, изјави заменикот министер за заштита на граѓаните, Никос Хардалијас за новинарите, додавајќи дека се предвидени високи парични казни за прекршителите, вклучително и временско затворање на локалите.
Досега целосно се вакцинирани оолу 38 отсто од населието во Грција. Владата до есенва сака да имунизира 70 отсто од граѓаните, па нуди разни поттикнувања за вакцинирање, како што се парични награди и бесплатен мобилен сообраќај за младите.