Грчката Влада нема да ги прифати предлозите од меѓународните кредитори за предлог спогодба, изјави премиерот Алексис Ципрас на средбата со министерот за финансии Јанис Варуфакис и други министри, пишува МИА.
– Последните предлози (на кредиторите) нема да бидат прифатени. Нашите партнери треба да разберат дека во текот на последните пет години грчкиот народ страда и затоа некој треба да им стави крај на игрите за сметка на грчкото население – изјави Ципрас.