Седумнасет години по првата пресуда, Грција повторно e осудена за нерегистрација на Домот на Македонците во Лерин. Судот од Стразбур во пресудата објавена на 9-ти јули годинава, заклучил дека има повреда на членот 11 од страна на Грција, при што на поднесувачите на жалбата им досудува Правичен надоместок од 10.000 евра (ЕУР) за морална штета и 2.000 евра за надоместок за трошоци.
Седумнасет години по првата пресуда (во 1998) во полза на претставниците на македонското малцинство во Грција кои побараа регистрација на нивното здружение „Дом на македонската цивилизација“, Европскиот суд за човекови права од Стразбур, донесе нова пресуда со која се вели дека Грција повторно го прекршила членот 11 од Европската конвценција за човекови права (правото на слободно здружување), одбивајќи да го регистрира здружението, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
„Домот на македонската цивилизација” и другите против Грција, е предметот заведен под бројот 1295/10 во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Жалбата е поднесена од „Домот на македонската цивилизација” и седум грчки државјани, кои го претставуваат оваа здружение. Случајот се однесува на одбивањето на грчките власти официјално да го регистрираат постоењето на нивното здружение “Дом на македонската цивилизација”, чија главна цел е промоција и развој на македонската цивилизација и нејзините традиции. На 12 јуни, 1990 година, членови на привремениот Извршен комитет на Здружението достави до Основниот суд во Лерин барање за регистрација на нивното здружување, според член 79 од Граѓанскиот законик. Ова барање е одбиено, одлука која беше потврдена од страна на Апелациониот суд во Солун и на Касациониот суд (Врховниот суд) на Грција. Фактите за овој случај се наведени во предметот Сидиропулос и другите против Грција, во пресудата на Европскиот суд за човекови права од 10 јули 1998 година, јавува МИА.
Европскиот суд во пресудата од 1998-та година утврдил прекршување на членот 11 од Конвенцијата во врска
со одбивањето на барањето за регистрација на Здружението од страна на Грција.
На 19 јуни 2003 година, двајца од поднесувачите на жалбата со уште неколкумина други одлучиле да го создадат повторно здружението „Дом на македонската цивилизација”, чие седиште е утврдено во Лерин. На 24 јули 2003 година, Здружението поднело барање за негова регистрација во Основниот суд во Лерин. Барањето од страна на судот е одбиено на 19-ти декември, истата година, со образложение дека термините „македонска цивилизација“, кој се користи во Статутот на Здружението може да создаде забуна. Според судот, терминот „македонски“, може да се користи само во неговата историска и географска смисла. Судот од Лерин гледаше опасност за јавниот ред, од постоењето на здружението, кое може да биде искористена од страна на оние кои го поттикнуваат создавањето на македонската нација, која, според судот, никогаш не постоеле во минатото. На 15 септември 2004 година, Здружението поднесе жалба, тврдејќи дека одлуката ја занемари пресудата Сидеропулос и другите. На 16 декември 2005 година, Апелациониот суд ја потврди одлуката. Според него, апликантите покренале безпредметни прашања за „македонската цивилизацијата и јазик”. Употребата на терминот “македонски”, и целта прокламирана во статутот противречи на јавниот ред и ја загрозуваат хармоничната симбиоза на три жители во регионот на Лерин и мирот во Грција. Касациониот суд ја одби, исто така, жалбата на жалителите.
Повикувајќи се особено на член 11 (слобода на собирање и здружување), жалителите на Лерин одлучиле да се жалат и повторно да поднесат тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за одбивањето на нивното барање за регистрација.
Судот од Стразбур во пресудата објавена на 9-ти јули годинава, цели седумнаесет години по првата пресуда, заклучил дека има повреда на членот 11 од страна на Грција, при што на поднесувачите на жалбата им досудува Правичен надоместок од 10.000 евра (ЕУР) за морална штета и 2.000 евра за надоместок за трошоци.