Грција е подготвена да го прифати предлогот на кредиторите со некои промени, додавки или појаснувања, како дел од продолжување на програмата на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) и новиот договор со Европскиот механизам за стабилност за кого денеска поднесуваме барање, објави МИА.
Во последното писмо со датум од 30 јуни, што грчкиот премиер Алсксис Ципрас го испратил до претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги и управниот директор на ММФ, Кристин Лагард.
Според последниот предлог на Грција, Атина е подготвена да го прифати договорот составен на техничко ниво, под услов да остане попустот од 30 отсто на ДДВ за островите.
Во врска со пензиските реформи, грчкиот премиер бара промените за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години да почнат да се имплементираат од октомри 2022 година, а не веднаш.
Покрај тоа, грчкиот премиер сака да го одложи спроведувањето на „клаузулата за нула дефицит“ и е против приватизацијата на независниот оператор за пренос на електрична енергија – АДМИЕ.
Според „То Вима“, неименуван европски извор изјавил дека Грција постави нови услови за договор со кредиторите, но тие може да не бидат прифатени од страна на сите министри за финансии од Еврозоната.