Грчка крајбрежна стража спаси 61 илегален мигрант

Грчка крајбрежна стража и траект „Блу стар 1“ денес спасија 61 илегален мигрант во морето во близина на Митилена.

Властите добиле сигнал дека има брод во опасност, по што траектот и грчка крајбрежна стража нашле голем чамец со мигранти во него, кој почнал да тоне. Сите мигранти, меѓу кои имало и многу деца, се спасени.

Во меѓувреме, фериботот „Елефтериос Венизелос“ со 2.492 мигранти од Митилена пристигна на пристаништето Пиреја.

Властите ги преземаат сите неопходни мерки за безбедно спроведување на мигрантите.