Лидерот на грчката опозиција доби мандат да формира влада

Лидерот на грчката опозиција доби мандат да формира влада. Утрово лидерот на Нова Демократија се сретна со претседателот Прокопис Павлопулос од кого го доби мандатот, а попладнево ќе се сретне со претседателката на Парламентот Зое Константинопулу за да се разгледаат можностите за формирање влада од моменталните сили во Парламентот, вклучително и со членовите на СИРИЗА, но без Алексис Ципрас како премиер, пишува Грик рипортер.

Мимаракис најави дека ќе се сретне со Константинополу и Ципрас за темелно да се разгледаат можностите за формирање влада од моменталните членови на парламентот без да се оди на избори.

Мимаракис: Изборите ќе и нанесат штета на економијата

Откако доби мандат да формира влада, Мимаракис изјави дека неговата одлука да се истражат можностите за формирање влада не е момент на повлекување. Како што рече, изборите треба да бидат избегнати затоа што дополнително ќе и наштетат на економијата.

Мимаракис: Изборите ќе и нанесат штета на економијата
Мимаракис: Изборите ќе и нанесат штета на економијата

Според Мимаракис, потпретседателот Јанис Драгасакис би бил идеален премиер на сепартиската влада во моментот, бидејќи е сериозен, доверлив, кооперативен и комуникативен.

Според грчкиот устав, датумот на изборите нема да биде одреден, затоа што трите најголеми партии ќе добијат одреден мандат за да формираат влада. Секој од овие мандати ќе трае три дена.

Што предвидува грчкиот устав

Ако сите три партии не успејат да формираат влада, претседателот на државата ќе именува еден од тројцата претседатели на врховниот суд во државата да застанат на функцијата премиер до изборите.

Ако сите три партии не успејат да формираат влада, претседателот на државата ќе именува еден од тројцата врховни судии во државата да застанат на функцијата премиер до изборите.
Ако сите три партии не успејат да формираат влада, претседателот на државата ќе именува еден од тројцата врховни судии во државата да застанат на функцијата премиер до изборите.

Ако партиите не успејат да формираат влада, најверојатно предвремените парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 27-ми септември или на 4-ти октомври.