Грчката дијаспора во Лондон го дочека Ципрас со фрлање пари дека го продал името

Грчката дијаспора вербално го нападна вчера премиерот на Грција, Алексис Ципрас, за време на неговата посета во Лондон. Грчките иселеници извикуваа „Предавник“, „Македонија е продадена“, „Срам да ти е“.

Демонстрантите фрлија и пари на улица во знак на обвинување дека Ципрас го продал името во замена за олеснување на долгот.

И покрај тоа грчкиот премиер ја задржа насмевката, влезе во неговото возило и се одвезе додека граѓаните продолжуваа да извикуваат.

Грчкиот дневник „Прототема“ јави дека Грците се собрале пред зградата каде Ципрас се сретна со претставници на грчката дијаспора.