Доколку Грција и нејзините европски партнери постигнат спогодба в недела за трет спасувачки пакет за Атина, работите со тоа нема да завршат, бидејќи најмалку осум парламенти на земји од еврозоната треба да ја одобрат, а Бундестагот треба да ја одобри дури два пати, јави МИА, повикувајќи се на БТА.
Во повеќето случаи одлуката на пратениците нема да биде оспорувана и доколку во одредената земја има незадоволството кај јавноста. Сепак во некои држави како во Словачка и Летонија работите можат да се искомлицираат. Отпорот може да се зајакне доколу спогобата се однесува на грчкиот долг.
![Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/grckata-vlada-go-odobri-paketot-reformi-za-kesh-na-poteg-e-evropa.jpg?resize=640%2C407)
Во Холандија пратениците сами ќе одлучат дали да гласаат или не. Во Ирска Владата не е должна да побара одобрение од Парламентот, но може да одлучи да го побара со цел да ја оправда својата одлука.
Одобрение од Парламентот не е потребно во Белгија, Луксембург, Кипар, Литванија, Италија, Шпанија и Потугалија.