Грчкиот Хелсиншки комитет поднесе тужба против Каменос за расистички изјави против Македонија

Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права на Грција и невладината организација за набљудување на расистичките злосторства, во полицијата во Атина поднеле тужба против министерот за одбрана на Грција Панос Каменос по неговите изјави дадени деновиве, пренесува МКД.мк.

Во тужбата стои дека Каменос го прекршил антирасистичкиот закон во Грција со „јавното поттикнување на омраза против народот на Северна Македонија и за нарушување на односите помеѓу Грција и Северна Македонија“.

Каменос во неделата изјави: „Скопјаните не треба да мислат дека Грција и Западот горат од желба да ги вклучат во НАТО… да ги направиме луѓе. На крајот на краиштата, што се тие?Албанци, Бугари и некои Грци во Монастири и Гевгели. Тоа се Скопјаните.“