Грипот ја зеде петтата жртва оваа сезона

Шеесетгодишна жена од Охрид е петтата жртва на грипот за оваа сезона, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Пациентката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти, од кои повеќе од половина се со клиничка слика на грип. Од нив шест лица се на интензивна нега, од кои тројца се приклучени на механичка вентилација.